Tuesday, June 21, 2011

Луна

Мојот прв блог го посветувам на баба ми.

Баба ми Веселинка е родена 1925 година во Прилеп. На 15 години од чисти идеали и против сите (мајкини) молби и укажувања, скришно, една вечер заминала во партизани.
Партизанското име и е Луна (месечина).
Пукнала првата пушка во Прилеп и Куманово. Борбата започнала, нема враќање. Ја фатиле. Лежела во бугарски затвор 2 години...тепање, закани по нејзиниот и животот на домашните, глад, болест...гледала смрт, предавство и откажување, многумина потклекнале...
Но за инает (прилепски), не се предавала и ништо не признала. И издржала до крај.
Доживеа да се формира и изгради слободна и независна македонска држава.
....
Преживеала поплава, земјотрес, смрт на најблиските.
Доживеа да ја симне шофер во градски автобус заради тоа што покажала споменица од '41ва наместо карта.
...
По смртта на мајка ми полека почна да се губи, како да не е присутна...сега можеби и не е свесна дека доживеа да се гради музеј на жртви од комунизмот. И да се запоставуваат и рушат спомениците на соборците. Да ги нарекуваат комуњари!

Сега има полни 86 години. Живее во центар. Таа е мојата инспирација.
За мене таа е жив споменик на непокорот, вистината, искреноста и истрајноста.
А кој е воинот на коњ?