Од секогаш сум била по малку изгубена...:-)
Изгубив наочари
за сонце, обетка и други ситници, но истите ги заменив со нови поубави.
Изгубив паричник со пари и документи, но не и чувството за вистински вредности.
Изгубив време чекајќи по шалтерите, но сепак не ги загубив насмевката и нервите.
Ја изгубив и
планинарската книшка, но не и спомените.
Изгубив и по
некој ”пријател”, но не и вербата во луѓето.
Изгубив глава по
еден, но не и разумот...